Субвенции од 7.000 евра за малите фирми

Bez autora
Jan 25 2012

Сојузот на стопански комори предлага државата да им дава субвенции од просечно по 7.000 евра годишно за вработувањата на новоотворените мали и средни претпријатија. Целта е тие да можат поефикасно да се развиваат и да инвестираат, да отвораат нови работни места и така да го повлечат напред растот на цела економија. Ова е една од идеите кои бизнисмените од ССК ги навеле во Стратегијата за економски развој што завчера и' ја презентираа на Владата, а за која таа треба да се изјасни за околу 20 дена. Станува збор за документ на 120 страници, кој од Комората го подготвувале година и пол, во соработка со економски стручњаци. Во такви услови би можело безболно да се зголеми делот од буџетот што ќе се насочува за поддршка на МСП. Ако секое новоотворено претпријатие би се субвениционирало со буџетски средства од 7.000 евра на годишно ниво, тоа би значело 316 милиони евра со кои би се вработиле 45.000 нови работници за период од пет години.

Субвенции од 7.000 евра за малите фирмиСојузот на стопански комори предлага државата да им дава субвенции од просечно по 7.000 евра годишно за вработувањата на новоотворените мали и средни претпријатија.

Целта е тие да можат поефикасно да се развиваат и да инвестираат, да отвораат нови работни места и така да го повлечат напред растот на цела економија. Ова е една од идеите кои бизнисмените од ССК ги навеле во Стратегијата за економски развој што завчера и' ја презентираа на Владата, а за која таа треба да се изјасни за околу 20 дена. Станува збор за документ на 120 страници, кој од Комората го подготвувале година и пол, во соработка со економски стручњаци.

„Во такви услови би можело безболно да се зголеми делот од буџетот што ќе се насочува за поддршка на МСП. Ако секое новоотворено претпријатие би се субвениционирало со буџетски средства од 7.000 евра на годишно ниво, тоа би значело 316 милиони евра со кои би се вработиле 45.000 нови работници за период од пет години. Владата би субвенционирала просечно годишно околу 2.000 новоформирани МСП, за што би се издвојувале просечно годишно 63 милиони евра, со динамика која би се зголемувала од година во година, паралелно и со подобрувањето на деловната клима во земјава. Од овој потег, годишно би се инкасирале нови придонеси од 36 милиони евра. Таа бројка ќе се зголемува прогресивно секоја година. Значи, ако Владата прави реформа за вработување, за две години и' се враќа субвенцијата, а да не зборуваме за мултипликарскиот ефект, кој е најмалку 5 за нововработени лица“, се вели во Стратегијата.

Конкретно, мерката гласи субвенции за нови вработувања - 7.000 евра просечно (5.000 до 10.000 евра зависно од регионот) - обврска минимум две години работен однос.

„Владата го одредува економскиот модел. Таа одлучува дали ќе се развива само преку десетина големи компании или и преку малите и средните претпријатија, кои може да ја понесат напред државата. Факт е дека и во овој момент Владата им дава голема поддршка на МСП. Според податоците на Централниот регистар, во земјава има 122 големи претпријатија (со повеќе од 250 вработени). Логично е државата за нив да дава поддршка, со оглед што се носители на извозот, но на долг рок тие не создаваат поголема додадена вредност. Малите и средните претпријатија, доколку на соодветен начин бидат поддржани и помогнати со стимулации (како што се стимулациите во земјоделството), тие ќе се прошируваат, односно ќе отвораат и нови фирми од други дејности. На пример, еден увозник на автомобили може да отвори винарија и слично“, објаснува Митко Алексов, извршен директор на ССК.

Сојузот, завчера, на традиционалниот деловен појадок со владиниот тим ја презентираше Стратегијата. Од ССК велат дека со неа предлагаат нов правец на развој, преку модел базиран на иновативност. Тој треба да овозможи брз и одржлив развој , со високи стапки на раст на БДП.

Една од столбовите е Македонија пазар сам за себе. Идејата е да се согледа кои производи се увезуваат и дали може тие да се произведуваат или пакуваат во земјава. Односно, најголемите увозни ставки да се заменат со домашно производство.

„Или на пример, според податоците на МВР, дури 1.000.000 наши граѓани годишно влегуваат во Грција. Со оглед што 300.000 од овие граѓани таму го поминуваат годишниот одмор, излегува дека 700.000 граѓани се во категоријата класични шопинг-туристи. Под претпоставка дека секој од нив на една шопинг-тура троши по околу 300 евра, излегува дека по тој основ од земјава се одлеваат по околу 210 милиони евра годишно. На овие пари, само по основ на ДДВ, државата губи по безмалку 40 милиони евра. И ако нашите граѓани таму одат на шопинг во ’Зара‘, зошто таа ’Зара‘ да не ја донесеме тука? Факт е дека и во тој случај пак ќе има девизен одлив, но наместо 210 милиони евра, тој ќе биде 180 милиони евра, бидејќи 30 милиони ќе останат тука, на пример по основ на кирии, плати за наши вработени и слично. Покрај тие 30 милиони евра, ќе останат и оние 40 милиони евра по основ на ДДВ. Тоа е она што ние го нарекуваме Македонија пазар за себе“, објаснува Алексов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik